Top Sport

Сари: Роналдо не е како обичните фудбалери

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари признава дека Кристијано Роналдо „не е обичен фудбалер“ на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Сасуоло.

Секако, прво прашање на прес-конференцијата беше дали Роналдо ќе игра во Серија А, по победата над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и минатонеделната пауза која му ја даде Сари.

„Кристијано има неверојатни ресурси. Има доволно сила, можеби малку му фали острина поради помалку натпревари. Имаме три напаѓачи со голем потенцијал и секогаш очекувам многу од нив. Кристијано тренираше добро и е достапен на тимот. Сите големи фудбалери се незадоволни кога не играат и тоа е здрав пристап. Видете, Роналдо не е како обичните фудбалери, што и да сакаме да кажеме. Не се сите фудбалери еднакви и исти. Нема проблем со тоа. Сите сме на јасна позиција во клубот“, вели Сари.

Scroll to Top