Тренерот на Лацио, Маурицио Сари вели дека се надева дека англиските фудбалски фанови ќе успеат да го отстранат ВАР-системот од фудбалот, откако неговиот клуб беше елиминиран во Лига Европа од Порто.
Лацио одигра 2:2 на „Олимпико“ со Порто, откако на гости загубија со 1:2, и Сари беше бесен на одлуката да се додели пенал за гостите од судијата Дениз Атејкин по фаулот од Сергеј Милинковиќ-Савиќ над Мехди Тареми, иако тареми првично доби жолт картон за симулирање.
„Првото чувство на судијата обично е вистинското. ВАР му покажа замрзната слика, која секогаш е пенал. Стапалото на Милинковиќ не се движеше, напаѓачот го бараше него. Или немавме среќа или судијата е лош. Знам дека во Англија навивачите не го сакаат и се надевам дека ќе успеат да го укинат ВАР системот“, вели поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус.