Top Sport

Сари се враќа во Наполи заедно со Жоржињо?

Повеќе италијански извори тврдат дека Маурицио Сари преговара враќање во Наполи, а со себе би го донел и фудбалерот на Челси, Жоржињо, откако неговиот агент потврди ваква можност.

„Партенопеи“ се мачат под Џенаро Гатузо оваа сезона, испаѓајќи од Лига Европа и Копа Италија, но остануваат во лов за топ 4 пласман во Серија А. И покрај ова, се очекува Гатузо да добие отказ на крајот на сезоната, и според најавите на италијанските медиуми, претседателот Аурелио де Лаурентис има план за враќање кон минатото.

Ниту Сари, ниту Наполи не ја повторија формата која ја донесе блиску до скудетото со возбудлив фудбал, но Сари имаше незгоден „развод“ со Наполи и бидејќи стана и тренер на Јувентус, навивачите не би го прифатиле така бргу. Сари уште има договор со Јуве и преговара за прекинување со взаемна согласност до 30 мај, бидејќи „бјанконерите“ во спротивност ќе треба да му исплатат уште 7 милиони евра за следната сезона.

Scroll to Top