Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари има целосна доверба во младиот холандски дефанзивец Матијс де Лихт, оценувајќи дека тој ќе стане најдобриот одбранбен фудбалер на светот и покрај проблемите на стартот на кариерата кај „бјанконерите“.
20-годишниот Де Лихт дојде од Ајакс во текот на летото, откако беше капитен на тимот од Амстердам и Сари го остави на клупата при 4:0 победата над Каљари во првиот меч во 2020, останувајќи на 13 настапи во Серија А.
„Јас сум првиот кој ќе каже дека тој ќе стане најдобриот дефанзивец на стартот. Имаше тешки пет месеци играјќи секои три дена, а покрај тоа требаше да се навикне на новата земја, новата лига и новиот јазик“, вели Сари за „Скај спорт“.
Сари исто така му даде поддршка и на Велшанецот Арон Ремзи, кој дојде во текот на летото, и одигра 90 минути против Каљари.
„Почна да наоѓа континуитет во тренинзите и по различните повреди се наоѓа во добра форма. Беше одличен дефанзивно, а во нападот може да биде и подобар, бидејќи има и такви квалитети“, вели Сари.