Маурицио Сари беше бесен откако неговиот Лацио загуби со 1:2 од неговиот поранешен клуб Наполи, обвинувајќи ги судиите и ВАР системот дека се против неговиот тим, а не го поштеди ниту претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Лацио имаше водство во мечот, пред Наполи да се врат за импресивна победа, а Сари беше лут на ВАР системот кога Марио Руи со лакт го удри Мануел Лацари во пеналтикот, но немаше реакција.
„Тоа беше многу јасно. Имаше и фаул над Луис Алберто ред нивниот гол. Тие кои работат во ВАР или се лоши во својата работа, или… Другата алернатива е пострашна. Не знам како добивме толку жолти картони во мирен натпревар. Мора да има сериозна реакција во судиската организација“, вели Сари.
Тој призна дека не се разделил убаво со Наполи.
„Има многу малку луѓе кои уште се таму од времето кога јас работев во Наполи. Беше чудно да ги гледате без Дрис Мертенс или Лоренцо Инсиње. Имам многу среќни сеќавања од Наполи и една многу лоша – кога претседателот објави дека Карло Анчелоти е нов тренер без да ми каже. Договорот ми беше валиден до 30 мај, а Анчелоти беше потврден на 21 мај, така што не требаше да биде тешко да се најде време. Дали сум зборувал со Де Лаурентис? Не, како Аурелио зборува, тој секогаш е во право“, изјави Сари.