Top Sport

Сари во конфликт со Лотито: Ова е мојот фудбал, ако не, врати го Пиоли!

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари бил бесен на критиките кои ги добил од претседателот на клубот, Клаудио Лотито по неделниот пораз во дербито од Милан, порачувајќи му дека тоа е неговиот стил на игра и препорачувајќи му да го врати Стефано Пиоли.

Сандро Тонали со гол во финишот на мечот ги обезбеди трите поени за Милан на „Олимпико“ во неделата, нешто на што бесно реагирал Лотито, кој влегол во расправија со тренерот, тврди „Спортмедијасет“. Лотито саркастично му порачал на Сари дека „не е забрането“ да игра со долги додавања, но Сари одговорил: „Ова е мојот фудбал, ако не ти се допаѓа, врати го Стефано Пиоли“.

Ова не е првпат Сари да покаже незадоволство од водењето на клубот, откако во јануари се закануваше дека ќе замине од клубот откако спортскиот директор Игли Таре не го консултираше околу зимскиот преоен рок, но според италијанските медиуми речиси сигурно ќе остане во клубот и следната година.

Scroll to Top