Top Sport

Сари во понеделник седнува на клупата на Јуве

Повеќе извори од Италија и Англија тврдат дека Челси ќе му дозволи на Маурицио Сари да го прекине договорот во понеделник, за да биде промовиран во нов тренер на Јувентус, откако преговорите биле успешни.

Преку својот агент, Фаљи Рамадани, во Челси биле убедени да го пуштат Сари без да се плати отштетата од 6 милиони евра, а сега се очекува уште еден состанок во Монте Карло, каде што наводно ќе присуствуваат и самиот Сари, како и директорот на Јувентус, Фабио Паратичи.

Според „Скај спорт Италија“, „Спортиталија“ и „Гардијан“, Сари ќе биде промовиран во понеделник, иако дел од подобро упатените сметаат дека Јувентус уште не се откажале од можноста да го донесат Пеп Гвардиола од Манчестер сити.

Сари ја освои Лига Европа и заврши на третото место во Премиер лигата во првата сезона како тренер на Челси, но тоа не беше доволно за дел од фановите. Ако се оствари трансферот, тој сигурно ќе ги налути навивачите на Наполи, кои го сметаа Сари за еден од „своите“, и нема да толерираат трансфер во омразениот клуб од Торино.

Scroll to Top