Top Sport

Сасуоло го почнува викендот на второто место!

Сасуоло, најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Серија А, по два меча без победа се врати на триумфите, откако минимално со 1:0 го совлада Беневенто за да се искачи на второто место на табелата со четири поени зад Милан и пред Наполи, Јувентус и Интер.

Доменико Берарди ги донесе „зелените“ во водство уште во осмата минута со гол од пенал, но потоа мораа да изддржат цело полувреме со играч помалку, откако Словакот Лукаш Хараслин доби црвен во 49. минута.

За Беневенто на Филипо Инзаги пак, ова е прв пораз по четири меча, и новиот прволигаш сега е на 11. место со 11 поени.

Scroll to Top