Top Sport

Сасуоло го земаа тренерот кој ги врати Емполи во Серија А

Сасуоло официјално потврдија дека Алесио Дионизи е нивниот нов тренер, откако тој успеа да ги врати Емполи во Серија А минатата сезона.

41-годишниот Дионизи потпиша двегодишен договор до јуни 2023 година, за првпат во кариерата да води клуб во Серија А, откако досега работеше во пониските италијански лиги со клубови како Олгинатезе, Боргосесија, Фиоренцуола, Имолезе и Венеција. Тој беше ангажиран од Емполи во август 2020 и со нив ја освои титулата во Серија Б.

Сампдорија и Верона му дадоа понуди на Дионизи, но тој реши да ја прифати понудата од Сасуоло, каде што ќе го замени Роберто де Зерби, кој е нов тренер на Шахтјор Доњецк.

Scroll to Top