Амбициите на Рома за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Серија А доживеаја тежок удар на гостувањето кај Сасусоло. Домашниот тим забележа убедлива победа од 4:2 (3:0).
Сасуоло прашањето на победникот го реши во првите 25 минути кога неговите напаѓачи испорачаа три гола во голот на Пау Лопез.
Капуто ги постигна првите два гола, во 7 и 16 минута, а третиот Ѓуручиѓ во 26 минута. Рома успеа да се врати во второто полувреме со два гола (Џеко и Верету), меѓутоа само две минути по голот на Верету, Бога во 74 минута ги разреши сите дилеми околу конечниот победник.
Голот што го постигна Џеко во 55 минута беше негов јунилеен 100 во дресот на Рома.
Рома натпреварот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Пелегрини во 69 минута.
Екипата од Рим се наоѓа на четвртото место со 39 бода, еден повеќе од Аталанта, меѓутоа тимот од Бергамо има натпревар помалку.