Top Sport

Сасуоло лути на Јувентус – сега не го даваат Берарди

Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали е лут на Јувентус поради нивниот контакт со Доменико Берарди без за тоа да го информираат Сасуоло, и тврди дека нема да има трансфер ова лето.

Берарди стана главната цел на Јуве во летнит преоден рок, но Карневали вели дека можноста тој да замине од клубот завршила на 17 август.

„Имаше најави за преговори, Јувентус беа заинтересирани и ние бевме отворени за договор пред 10 дена. Но, Јувентус не даде официјална понуда и им сигнализиравме дека цената ќе биде над 30 милиони евра. Сакавме да му удоволиме на Берарди, но мораше да ги браниме и нашите интереси. Имаше краен рок, и веќе не можеме да најдеме виститнска замена“, вели Карневали.

Тој потврди дека Берарди тренирал посебно од главната група и нема да бид дел од составот за отварањето на сезоната против Аталанта. Берарди има договор со Сасуоло до јуни 2027 година.

Scroll to Top