Давиде Фратези веќе е нов играч на Интер, потврди директорот на Сасуоло, Џовани Карневали, и покрај тоа што уште нема официјална потврда од „нераѕурите“.
„Тоа е завршено, потпишано е пред кратко време. Ние сме задоволни, но не беше лесно. На крајот ова е најдобро за нашиот клуб и за фудбалерот, кој сакаше да оди во Интер. Тој е млад фудбалер поинаков од другите играчи од средниот ред и Интер добиваат силен играч“, изјави Карневали.
Фратези постигна 11 гола во 75 настапи за Сасуоло по трансферот од Рома во 2017/18, но беше позајмен на Асколи, Емполи и Монца пред да се врати во клубот во 2021. Според италијанските медиуми, тој ќе замине на позајмица со обврска за купување за 28 милиони евра, а во договорот е вклучен и напаѓачот Самуеле Мулатјери.