Top Sport

Саудијците ќе му ја платат на Манчини најголемата отпремнина во историјата на фудбалот

Роберто Манчини (59) и фудбалската федерација на Саудиска Арабија се согласуваат да го раскинат договорот, тврди ТВ Ријад. Италијанскиот стручњак ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија на крајот на август 2023 година и со неа на 18 натпревари оствари седум победи, пет нерешени и шест порази.

Иако Манчини ја доби поддршката од водечките луѓе на саудискиот фудбал по поразот од Јапонија (0:2) во квалификациите за Светското првенство на 10 октомври, пет дена подоцна следеше домашно реми со Бахреин (0:0), а со тоа и дискусија со навивачите на стадионот поради лошите резултати.

Според информациите на Corriere della Sera, Манчини заработува 30 милиони евра годишно како селектор на Саудиска Арабија, а неговиот договор е до летото 2027. Мирор наведува дека е пронајден пријателски начин за раскинување на договорот, а според тоа, Манчини треба да добие околу 70 милиони евра отпремнина. Тоа би била најголемата отпремнина која некогаш бил платена на фудбалски тренер.

Scroll to Top