Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин нема да учествуваат во Купот на нациите од Персискиот залив, бидејќи турнирот се одржува во Катар.
Трите земји ги прекинаа сите односи со Катар во јуни, и им забранија на катарските државјани да ги посетуваат нивните земји по обвиненијата дека Катар е поддржувач на тероризмот. Ова натпреварување се одржува секои две години, а покрај овие четири земји учествуваат и Кувајт, Ирак, Оман и Јемен.
ФИФА уште во 2015 година ја суспендираше фудбалската федерација на Катар поради владино мешање во работењето, така што е нејасно колку тимови ќе има натпреварувањето кое требаше да биде прв тест на подготвеноста на Катар за организација на СП во 2022 година.