Селекторот на Саудиска Арабија, Аргентинецот Хуан Антонио Пици признава дека се срами по 5:0 поразот од Русија на стартот на Светското првенство.
„Нашите противници не мораа да се потрудат за да го добијат овој меч. Сега мораме бргу да ја заборавиме оваа срамота и да мислиме на следниот меч“, вели Пици.
Пици е само последниот во низата на саудиски селектори, откако федерацијата на арапската земја не толерира неуспех – минатото СП го отпуштија селекторот додека траеше првенството. Пици дојде на селекторското место по квалификацијата на Саудиска Арабија, кои решија да го отпуштат Берт ван Марвајк и покрај тоа што ги однесе на првенство. Наследникот на Ван Марвајк, Едгардо Бауза беше отпуштен пред ждрепката за Мундијалот во ноември. Пици знае дека бргу може да добие „клоца“.
„Што и да се случи, јас ја имам мојата филозофија на игра и ќе се обидам да го дадам максимумот. Верувам во моите играчи и сигурен сум дека ќе бидеме подобри следниот меч“, додава Пици.
Следниот меч за Саудијците е против Уругвај во Ростов на 20 јуни.