Саул Нигез ја одбил понудата на Пеп Гвардиола од наредната сезона да се пресели во редовите на Манчестер сити.
Саул има 24 години, ги минал сите младински категории во Атлетико, а во минатото интерес за него покажуваа Манчестер Јунајтед и Барселона.
„Мојата иднина? Па јас сум среќен во Атлетико имам договор до 2026 година. Манчестер сити не ка си бараат друг играч“, рекол Саул.
Саул Нигез има откупна клаузула од 150 милиони евра. Откако им пропадна трансферот на Саул, челниците на Сити ќе се обидат да донесат еден друг играч на Атлетико, станува збор за 22 годишниот Родри чија откупна клаузула изнесува 70 милиони евра.