Фудбалерите на Калјари и Сасуоло одиграа 1:1 во вториот натпревар одигран во рамките на 34 коло во Серија А.
Мечот на Сардинија немаши никаква фудбалска убавина, домаќините кон голот на притивникот шутнаа два пати, еднаш повеќе тоа го направија фудбалерите на Сасуоло.
Сасуоло ја продолжи одличната низа и потврдија заедно со Аталната во овој момент ја имаат најдoбрата форма во Серија А. На последните шест натпревари Саусоло забележаа четири победи, два пати играа нерешено.
На Сардинија ја испуштија победата бидејќи од 48 минута, кога веќе имаа предност со голот на Капуто, играа со фудбалер повеќе на теренот. Карбони пред време го заврши мечот на стартот од вториот дел поради вториот жолт картон.
Инаку Капуто својот 18 гол во сезоната го постигна во 18 минута.
Калјари израмнија во 63 минута кога мрежата на Сасуоло ја затресе Жоао Педро.
Во наредната рунда Калјари гостуваат кај Лацио, додека Сасуоло во Реџо Емилија ќе го пречека Милан.