Top Sport

Саутемптон го елиминира Арсенал од ФА купот

Саутемптон го елиминира Арсенал во четвртата рунда во ФА купот. Попладнево, „светците“ славеа минимална победа од 1:0. Аресенал во натпреварот влезе како бранител на трофејот, „тобџиите“, во изминатата деценија четири пати го освојувале ФА купот. Во шестиот меч во ФА купот помеѓу овие ривали, Саутемптон ја забележаа првата победа.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 24.минута, кога Габриел ја проследи топката зад грбот на својот голман Лено.

На авто-голот му претходеше центаршутот од десната страна на Ворд-Праус и лошата интервенција на Габриел.

Саутмептон во првиот дел беа тимот што го диктираше темпото, а покрај голот имаа шанса и преку Ворд-Праус кој од корнер ја погоди гредата.

Арсенал притиснаа во вториот дел, а најдобрата шанса за израмнување не ја искористи Нкетија во 68.минута.

Во осмина-финалето Саутемптон за противник ќе го имаат Вулверхемптон.

Scroll to Top