Проблемите на Евертон не завршуваат – „карамелите“ доживеаја вистинска катастрофа, откако Чарли Остин постигна два гола за да помогне Саутемптон со 4:1 да ги совлада ривалите од Ливерпул.
Душан Тадиќ им донесе рано водство на „светците“, но рекордното засилување на Евертон, Гилфи Сигурдсон израмни пред полувремето.
Во второто полувреме, тимот на Дејвид Ансворт капитулираше и Остин со два гола со глава донесе убедливо водство за Саутемптон, пред Стивен Дејвис да го совлада Џордан Пикфорд за убедлива победа.
Саутемптон пред мечот имаше постигнато само шест домашни голови, а за Евертон ова значи дека во последните 11 меча во сите натпреварувања имаат само една победа.