Фудбалерите на Саутмептон победија со 2:0 на гостувањето во Шефилд. Ова е прва победа за Саутемптон од 16.јануари.
„Светците“ првиот гол го постигнаа преку Ворд-Праус од пенал. На пеналот му претходеше прекршок на Етан Ампаду, а судијата Пол Тирни без размислување покажа на белата точка.
Победата на Саутепмтон ја потврди поранешниот играч на Шефилд јунајтед, Че Адамс во 51.минута.
Саутепмтон ја прекинаа серијата од деверт натпревари без победа, во таа лоша серија „светците“ имаа осум порази.
Со овоие три бода, Саутемптон се 14 на табелата со 33 поени, Шефилд се последни со само 14 бодови.