Top Sport

Саутемптон се мајстори за шампионите

Фудбалерите на Саутемптон, синоќа, го победија актуелниот шампион Ливерпул. „Светците“ со 29 поени се наоѓаат на шестото место на табелата.

Победникот на „Сент Мери“, го реши поранешниот играч на Ливерпул, Дени Ингс во втората минута.

Саутемптон се првиот клуб кој успеал да го победи секој актуелен првак. Од основањето на Премиер лигата, титулата ја освојувале седум екипи.

Ливерпул им се приклучи на Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Блекбурн, Челси и Лестер. Сите овие тимови во сезоните кога ги бранеле титулите биле поразени од Саутемптон.

Scroll to Top