Англискиот селектор Герет Саутгејт потврдил дека Рахим Стерлинг ќе конкурира за место во тимот, за квалификацискиот меч со Косово (недела, 17 ноември).
Изминатите деновите денови Стерлинг беше тема во англиските медиуми откако се обидел физички да се пресмета со Џо Гомес во тренинг-кампот на репрезентацијата. Поради инцидентот Саутгејт го отпиша од составот за вечерашнот меч со Црна Гора.
„Одиме напред. Стерлинг е тука со екипата. Донесовме одлука и со тоа ставивме крај на приказната“, рекол Саутгејт.
„Ги видов Стерлинг и Гомез, разговараат се смејат. Добро за нас како тим е што бргу ги решивме и ги надминавме проблемите. Сите сме фокусирани на тренинзите и натпреварите“, се надоврзал на зборовите на селекторот Хари Мегваер.
Англија е лидер во А-групата со 15 поени.