Top Sport

Саутгејт ветил дека ќе го носи Рашфорд во Русија

Англискиот селектор Герет Саутгејт вети дека ќе го има напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд во својата селекција без разлика на тоа колку тој ќе добива минути игра на „Олд Трафорд“.

20-годишниот Рашфорд беше херој на дербито на Јунајтед со Ливерпул постигнувајќи два гола при 2:1 победата,  откако го стартуваше првиот меч од декември по што беше повлечен од игра за да се направи место за Маруан Фелаини. Жозе Мурињо вели дека токму Саутгејт му кажал дека Рашфорд ќе биде во тимот.

„Зборував со Герет Саутгејт пред неколку недели и  тој ми кажа дека нема врска дали Маркус ќе игра или не, бидејќи верува во детето и детето ќе оди на Светското првенство. Затоа и Маркус и навивачите можат да бидат мирни. Маркус постигна два гола против првокласен противник и секако беше клучен во мечот. Добро ја искористи својата шанса“, вели Мурињо.

Рашфорд ги „реши“ Ливерпул (видео)

Scroll to Top