Top Sport

Саутгејт: Во полу-финале секој наоѓа дополнителна енегрија

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Гарет Саутгејт, не очекува дека врз исходот на полу-финалниот меч, на неговата селекција и Хрватска, ќе влијае фактот што Хрватите минале повеќе време на теренот.

Англија, последен пат играла полу-финале на едно светско првенство во 1990 година.

„Ќе треба да играме како и досега, дисциплинирано и организирано. Хрватите се добри во редот за врска, поради тоа ќе мораме да го контролираме просторот. Имаме шанса, знаеме што сакаме да направиме и знаеме како да ја оствариме целта“, рекол Саутгејт.

foto: epa

Англија во четврт-финалето, во 90 минути ја порази Шведска со 2:0, додека Хрватска играше продолженија против Русија и полу-финале избори по изведувањето на пенали.

„И ние игравме продолженија, шутиравме пенали…Знаеме колку тоа исцрпува, физички и психички. Но во полу-финале секој тим ќе најде дополнителна енергија. Нема да победиме само поради тоа што Хрватите 30 минути беа повеќе од нас на теренот. Мораме да бидеме подобри и да победиме“, дополнил Саутгејт.

Полу-финалниот натпревар Англија-Хрватска се игра утре од 20 часот во Москва.

Scroll to Top