Top Sport

Саво Милошевиќ фаворит за нов селектор на БиХ

Српската фудбалска легенда, Саво Милошевиќ е главен кандидат за позицијата нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, тврди „Спортспорт“, во обид да се стави крај на кризата во играта на „змаевите“.

Милошевиќ претходно беше помошник на Бранко Брновиќ на селекторската позиција во Црна Гора, потоа беше тренер на Партизан и на Олимпија Љубљана, со која се раздели пред две години.

По лошите мечеви во квалификациите за Европското првенство, Мехо Кодро си даде оставка по само два месеци на позицијата, а Милошевиќ ја има поддршката на претседателот на фудбалскиот сојуз на БиХ, Вицо Зељковиќ.

Scroll to Top