Top Sport

Саво Милошевиќ: Хулиганите се посилни од државата

Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), и легенда на српскиот фудбал, Саво Милошевиќ е целосно разочаран од проблемите со хулиганите на српските стадиони.

Ова доаѓа по хаотичните сцени од 156. вечно дерби меѓу Партизан и Црвена звезда.

„По којзнае кој пат се повторува главните актери да се надвор од теренот, што е грдо и го загрозува фудбалот. Пративме лоша слика во светот и светските медиуми повторно зборуваат само за негативни работи за српскиот фудбал. Не знам што да кажам, бидејќи безброј пати сме се обидувале да направиме нешто, но тоа не функционира“, вели Милошевиќ за ТВ каналот „О2“.

Србија со години се мачи со насилството на спортските терени, и Милошевиќ не е оптимист дека работите ќе се сменат набргу.

„Мислев дека може, но очигледно е дека тие се посилни од државата и од сите институции кои се борат против насилството. Насилството е насилство каде и да се случува и така мора да се третира. Насилството на стадион не е различно од насилството на улица. Ако јас удрам некого ќе бидам уапсен и нема да ми прости никој“, додава Милошевиќ.

„Гробарите“ се тепале за превласт на јужната трибина

Scroll to Top