Top Sport

Се активираа: Црвена звезда го тужи „Л’Екип“, УЕФА без коментар

По обвинувањата за „местенка“ на мечот Пари Сен-Жермен-Црвена звезда, од белградскиот клуб конечно реагираа, откако бизнис-директорот Стефан Пантовиќ во Париз со адвокатите на клубот подготвува тужба против угледниот спортски весник „Л’Екип“.

„Л’Екип“ тврдеше дека еден неименуван висок функционер на клубот се обложил на дури 5 милиони евра дека мечот од Лигата на шампиони ќе заврши со победа од 5 гола разлика на француските фаворити, откако дуелот заврши со 6:1.

Од УЕФА засега уште не го коментираат случајот, додека француските медиуми потврдија дека е отворена официјална истрага за скандалот.

Scroll to Top