Top Sport

Се чека потписот на Ибрахимовиќ, уште една сезона на „Сан Сиро“

Милан се на чекор од обновувањето на договорот на Златан Ибрахимовиќ на уште една сезона, откако двете страни се согласиле да се „сретнат на средина“ и да му одредат годишна плата на Швеѓанецот од 6 милиони евра, јавува „Калчомеркато“.

Спортскиот директор Паоло Малдини потврди дека главен приоритет ова лето на клубот е да се обезбеди останувањето на Златан, но претходните вести од Италија тврдеа дека тој бара 7.5 милиони евра по сезона, додека Милан се согласуваат на „само“ 5 милиони.

И покрај тоа што главната сума останува иста (5 милиони), 38-годишниот Ибра бил убеден откако клубот ги намалил условите под кои ќе му бидат активирани бонуси на Златан.

Scroll to Top