Top Sport

Се јави и Берлускони: Кинезите ги исполнуваат обврските

Поранешниот претседател и сопственик на Милан, Силвио Берлускони вели дека новите кинески сопственици на тимот секогаш ги „исполнувале обврските“.

„Росонери спортс инвестментс“, конзорциумот предводен од Јонгхонг Ли го презеде клубот во април, но оттогаш компанијата и самиот Ли го следат само контроверзи околу тоа колку навистина пари се внесени во спортот.

Истрагата на „Њујорк тајмс“ тврдеше дека Ли не бил сопственик на компанијата за рударство, и дека преземањето на Милан е обезбеден со земање заен од „Елиот менаџмент“, американски „хеџ-фонд“.

Берлускони исто така беше под „лупа“ за тоа како ја спровел продажбата, но сега тој застана во одбрана на кинеските сопственици.

„Да се продаде Милан, нашата компанија ‘Фининвест’ ангажираше советници, адвокатски компании со интернационална репутација. Кинеските купувачи секогаш ги исполнуваа обврските, а важен фонд како ‘Елиот’ им даде значителен заем“, напиша Берлускони на Твитер.

Милан е купен од измамник, клубот може да биде исфрлен од европските купови

Scroll to Top