Агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш тврди дека Лионел Меси не направил ништо потребно за да ја освои „Златната топка“ и смета дека на неговиот агент му е нанесена „голема неправда“.
Аргентинската ѕвезда на Барселона ја освои својата шеста награда од „Франс фудбал“ овој месец, со што го помина Роналдо, кој иронично заврши како трет во гласањето зад Виргил ван Дајк по што воопшто не се појави на доделувањето на наградата во Париз.
Мендеш, смета, дека се работи за голема грешка.
„Кристијано е најдобриот фудбалер во светскиот фудбал. Без него Португалија немаше освоено ништо, сега се европски шампиони и први шампиони од Лигата на нации. Тој го трансформираше светскиот фудбал – кога зборувате за Португалија, зборувате за мала земја, но тој го смени тоа. Следната година ќе стигне до 110 голови за Португалија и сигурно ќе ја освои ’Златната топка’. За мене е неправда што Меси победи. Но, животот е таков. Да беше уште во Реал Мадрид сигурно ќе ја добиеше наградата, но ќе се врати во 2020“, вели Мендеш.