Top Sport

Се јави и таткото на Алаба: Хенес кажува валкани лаги

Џорџ Алаба, таткото на Давид Алаба и неговиот агент Пини Захави реагираа со лутина на тврдењата на поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес дека се алчни за пари во преговорите со германскиот и европски шампион.

Хенес во неделата изјави дека Захави е „пирана“ и дека Алаба и неговиот татко се измамени што го слушаат откако преговорите за нов договор со австрискиот репрезентативец „заглавија“ на платата, со тврдења дека тој сака да стане најплатениот фудбалер во тимот со 25 милиони евра годишно.

Џорџ Алаба вели дека згрозен од тоа што се случува.

„Го донесов Давид во Баерн како тинејџер, а во текот на годините имав шанси да заигра за друг тим, но бевме лојални и секогаш избиравме да останеме тука. Не очекував Баерн да шират валкани лаги во јавноста околу платата. Една од тие валкани лаги е дека не можеме да се договориме поради бонусите кои треба да ги добиеме. Само бидејќи не ги прифативме нивните бројки“, вели Џорџ Алаба.

Захави, пак, исто така демантира дека барал голем процент од заработувачката.

„Во ниту еден момент не зборувавме во детали за мојот дел, посебно не со луѓето кои го водат Баерн. Во Лисабон, Хасан Салихамиџиќ ме праша што мислам за тоа, а јас му кажав дека прво треба да се договориме со фудбалерот и дека нема да барам ништо повеќе од вообичаеното“, вели Захави.

28-годишниот Алаба се приклучи на Баерн во 2008 година од Австрија Виена кога имаше само 16 години. Тој има речиси 400 настапи за првиот тим.

Хенес: Алаба има пирана за агент, и мисли само на парите

Scroll to Top