Top Sport

Се јави и Тони Адамс: Не знам што правеше Емери шест недели во Арсенал

Малку е да се каже дека „новиот Арсенал“ под водство на Унаи Емери не ги исполни очекувањата на армијата фанови на „топчиите“. По критиките од Сем Алардајс, и поранешниот капитен на Арсенал, Тони Адамс не е задоволен од постигнатото.

Според Адамс, тимот е „многу далеку“ од борба за титулата и ништо не е сменето од заминувањето на Арсен Венгер, така што тој се прашува: „Што ли правеше Емери во шесте недели откако беше поставен за тренер“.

„Перформансите беа исти. Бев навистина разочаран од тоа што го видов. По Арсен, кој секогаш играше отворен и напаѓали фудбал, очекував новиот менаџер да ги заврсти работите. Последните 10 години дозволуваме смешни голови. Сакав да го стави новиот голман Бернд Лено, да работи со бековите, да не прими гол. Неговите тројца најдобри играчи беа замени – Александер Лаказет, Штефан Лихтштајнер и Лукас Тореира. Зошто не стартуваше со нив? Навистина не ми е јасно што правеше последните шест недели“, вели Адамс.

Scroll to Top