Top Sport

„Се надевам дека некој ќе ја исправи оваа страшна неправда“, Стив Париш со жестока реакција по одлуката на УЕФА

Голем потрес во европскиот фудбал: Кристал Палас, англискиот клуб кој оваа сезона триумфираше во ФА Купот – првиот трофеј во историјата на клубот – е деградиран од Лига Европа во Конференциската лига, поради прекршување на правилата за мулти-клуб сопственост на УЕФА.

Иако освоениот куп требаше да му гарантира место во Лига Европа, УЕФА реши местото да му го додели на Нотингем Форест, поради конфликт на интереси со сопственикот Џон Текстор, кој поседува акции во два клуба што се квалификуваа — Кристал Палас (43%) и Олимпик Лион (77%). Бидејќи и Лион се квалификуваше за Лига Европа, УЕФА реши да му даде приоритет.

Претседателот на Палас, Стив Париш, силно реагираше на одлуката: „Освои куп, првпат во историјата, одиш на шалтер, и не добиваш награда. Ова е како да си добил на лотарија, а не ти го даваат добитокот.“ „Мислам дека сите разумни фудбалски фанови ќе видат каква страшна неправда е ова. Се надевам дека некој ќе ја исправи.“

Кристал Палас најави официјална жалба до Спортскиот арбитражен суд (CAS), надевајќи се дека ќе го врати заслуженото место во Лига Европа.

Scroll to Top