Top Sport

Се ожени Диего Годин, подароците ги донирал во хуманитарни цели

Капитенот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Уругвај, Диего Годин, со еден свој гест ја воодушеви светската јавност. Годин, синоќа, стапи во брак со својата девојка Софија Херера, а сите подароци ги донирал во хуманитарни цели.

Годин, во Уругвај, изнајмил цел хотел за свадбената забава, на која покрај соиграчите од Атлетико, присуствувале и Луис Суарез, Диего Форлан, Диего Лугано, Себастијан Абреу, Николас Лодеиро…

Одлуката на Годин и неговата избраничка наишла на позитивни реакции, особено во Шпанија. Донацијата е вредна ако се земе во предвид колку заработуваат фудбалерите.

Весникот „Марка“ открива дека Годин и неговата сопруга подароците од свадбата ги донирале во болницата „Неонатал Переира Росел“ во Монтевидео, која се грижи за пред време родените бебиња.

Scroll to Top