Top Sport

Се подготвува размена – Донарума за Ареола?

Челниците на Милан стапиле во преговори со колегите од Пари Сен Жермен на кои им понудиле да ги разменат голманите. „Скај Спорт“ објави дека Милан го нуди Џиџи Донарума за Алваро Ареола.

Според истиот извор, Милан до 30 јуни мора да соберат пари за да ги средат своите финанси и да избегнат казна на УЕФА. Добри пари можат да заработат од продажбата на Донарума.

Милан наводно за својот голман барале 50 милиони евра., што е помала сума од онаа што за Донарума може да добијат минатото лето. Од друга страна Ареола е проценет на 30 милиони евра.

Договорот може да биде реализиран доколку ПСЖ уплатат 20 милиони евра и го испратат Ареола во Милано.

Инаку менаџер на двајцата голмани е контроверзниот Мино Рајола.

Scroll to Top