Спортскиот сектор на Барселона започнал со плановите за летниот преоден рок. Според шпекулациите Каталонците ќе бидат многу активни во летниот преоден рок.
Двајца играчи се приоритет за Ерик Абидал, Нејмар и Лаутаро Мартинез. За овие двајца клубот ќе треба да издвои околу 260 милиони евра. Парите ќе треба да ги обезбеди сио продажба на неколкумина фудбалери.
Јасно е дека од наредната сезона за четворица ќе нема место во Барселона. „Ноу Камп“ ќе го напуштат Иван Ракитиќ, за кого интерес покажуваат Јувентус и Атлетико Мадрид, Артуро Видал кој веројатно ќе оди во Интер, Самуел Умтити за чии услуги се интересираат неколку екипи од Премиер лигата и Фелипе Кутињо.
Бразиелцот е позајмен во Баерн, но Баварците нема да го откупат неговиот договор што значи дека по завршувањето на сезоната ќе се врати во Барселона.