На социјалните мрежи се појави видеото од разговорот помеѓу англиските фудбалери Фил Фоден и Мејсон Гринвуд со исландските девојки кои подоцна ги посетиле нивните хотелски соби и поради кои тие беа исфрлени од репрезентацијата.
Фоден и Гринвуд се пратени дома поради прекршување на стриктните правила за корона вирусот по победата на Англија над Исланд во саботата, откако повикале девојки во нивите хотелски соби, по што селекторот Герет Саутгејт ги исфрли од мечот во вторник против Данска.
20-годишниот Фоден и 18-годишниот Гринвуд дебитираа за Англија во тесната 1:0 победа над Исланд. Манчестер сити го осуди однесувањето на Фоден, а во исто време и Манчестер јунајтед го осуди Гринвуд.
A video has emerged of a Snapchat call between Phil Foden and Mason Greenwood talking to the girls in Iceland [@asammufc] pic.twitter.com/eg64kLCFj5
— The Man Utd Way (@TheManUtdWay) September 7, 2020