Фудбалерот на парагвајскиот клуб Индепендиенте де Кампо Гранде, Брендикс Пара доби отказ од својот клуб, откако во меч во Копа Судамерикана против колумбискиот Ле Еквидад имаше неуспешен обид да постигне гол од пенал со паненка.
Голманот Диего Новоа му го одбрани пеналот и колумбискиот клуб се пласираше понатаму на пенали против парагвајскиот второлигаш, нешто што го налути претседателот Ериберто Гамара кој потврди дека Пара е отпуштен.
„Бордот на директори на клубот реши да го отпушти Брендикс Пара поради начинот на кој го изведе тој пенал. Да се квалификувавме во следната рунда, секој од фудбалерите ќе добиеше пари“, вели Гамара.
Венецуелецот Пара вели дека чека официјално да му биде раскинат договорот.
„Ситуацијата е тешка, но животот продолжува“, изјави Пара.