Top Sport

Се случува и на најдобрите – најлошото промашување на Меси (видео)

Аргентина влезе во четврт-финалето на Копа Америка 2019 вчера по тешко извојуваната 2:0 победа над Катар, нешто што треба да им даде самодоверба за понатамошните натпреварувања, откако Лаутаро Мартинез и Серхио Агуеро постигнаа по еден гол.

Човек на натпреварот, повторно, беше Лионел Меси, но тоа не значи дека легендата на Барселона немаше и лоши моменти, како можеби неговото најголемо промашување во аргентинскиот дрес, кога во финишот на мечот од чиста позиција ја прати топката далеку на трибините.

Самиот Меси беше изненаден од тоа каде отиде топката.

Scroll to Top