Top Sport

„Се сoгласивме да ни ги намалат платите за да го вратат Нејмар“

Фудбалерите на Барселона Џерар Пике открил дека тој и соиграчите за да му помогнат на тимот да го ангажира Нејмар се согласиле да им бидат намалени платите за оваа сезона.

Цело лето траеше сагата околу Нејмар и неговото враќање во Барселона. На крајот Бразилецот остана во Париз бидејќи Пари Сен Жермен не сакаа да го продадат за помалку од 200 милиони евра.

„Му кажавме на Бартомеу да направи модел со кој би ги сменил нашите договори за да може клубот да се прилагоди на барањата на финансискиот фер плеј. Предложивме она што треба да го заработиме да биде префрлено за наредната година ила за годината после тоа. Им кажавме дека се согласуваме да ги одложат платите, бидејќи многу сакавме Нејамр да се врати во нашиот тим“, рекол Пике.

Интересно е што Нејмар и покрај огромните приходи сака да го напушти Париз.

„Го предупредивме со што ќе се соочи во Париз и дека таму ќе биде во „златен кафез“. Вратите на Барселона за него секогаш се отворени“, заклучил Пике.

Scroll to Top