Top Sport

Се вратија на врвот: Гуангжу ја освоија титулата во Кина

Гуангжу Евергранде осми пат во историјата ја освоија титулата во Супер лигата на Кина. Екипата на Фабио Канаверо осмата титула во последните девет години ја потврди со победата од 3:0 против Шангај Шенхуа.

Веи Шихао го постигнал првиот гол на мечот во третата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме, а победата ја потврдија Парк Ји-со и Елкерсон.

Шангај оствариле 23 победи на домашен терен оваа сезона. Во конечниот пласман освоиле 72 бода, два повеќе од Пекинг Гоуан.

На третото место завршија минато годишните шампиони Шангај СИПГ.

Scroll to Top