Еден навивач на Перу бил толку очаен да ја гледа својата репрезентација на Мундијалот во Русија што се здебелил 24 килограми за да може да добие од билетите за „посебните места со поголема ширина“. Перу за првпат е на едно Светско првенство од 1982 година.
„Еден мој пријател беше загрижен дека нема да може да најде билети за шампионатот што реши да се здебели 24 килограми за да може да аплицира за специјалните места за кои полесно се добиваат билети. Од тие места има добар поглед“, вели Гијермо Еспиноза, навивач на Перу за „Сан“.
Илјадници перуански фанови се во Русија, кои пристигнаа уште минатата недела пред стартот на шампионатот и отркија огромен дрес на Перу на кој сите навивачи ќе можат да ги запишат своите мисли. Перу го загуби првиот меч од шампионатот со 1:0 од репрезентацијата на Данска.
‘We carry your colors on our chest’: Peru fans wave huge ‘positive message’ jersey in Moscow center https://t.co/FVW2jb24nC ??⚽️???
(by @DannyWArmstrong) #WorldCup #Russia2018 #Moscow
— RT Sport (@RTSportNews) June 14, 2018