Top Sport

Себалјос: Во Реал Мадрид не уживав во фудбалот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалјос вели дека бил во право што се решил да дојде во Лондон на позајмица од Реал Мадрид, каде што не уживал во фудбалот и „воопшто“ не играл.

Себалјос има 11 настапи за „топчиите“ во сите натпреварувања, еден гол и две асистенции, заработувајќи повик во шпанската репрезентација за дуелот со Норвешка и Шведска во квалификациите за Евро 2020.

„Сега сум во Арсенал и се чувствувам многу добро. Знаев дека сакам да заминам и бев во право што си отидов од Мадрид. Сега сум таму каде што сакам и навистина сум среќен. Целта беше да заминам, да играм и да уживам во фудбалот. Последните две години не го имав тоа“, вели Себалјос.

Себалјос дојде во Реал Мадрид од Бетис во 2017 година, но не успеа да се наметне под тренерот Зинедин Зидан. Кога Французинот се врати на клупата на „кралевите“, Себалјос повторно беше вишок и во јули направи трансфер во Арсенал.

Scroll to Top