Top Sport

Себастиен Але беше на трибините во Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Але беше на трибините на „Сигнал Идуна парк“ за да го гледа неговиот клуб при 3:0 победата над Копенхаген во првото коло од Лигата на шампионите.

Але требаше да биде големо засилување во нападот на Дортмунд по заминувањето на Ерлинг Халанд во Манчестер сити, но по еден тренинг на клубот на кој му се слоши беше на медицински тестови кои покажаа дека има тумор на тестисите. Тој во јули почна со хемотерапија и ја продолжува борбата со грдата болест.

Scroll to Top