Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски е нов тренер на летонскиот клуб Рига, каде што 44-годишниот Македонец, поранешен играч на Шефилд венсдеј, Хајдук и Динамо ќе го предводи тимот формиран во 2014 година со спојување на ФЦ Карамба и Динамо Рига.
Седлоски беше спортски директор на Вардар од 2014 година, а од 2015 и главен тренер на клубот, кој го донесе до квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, по што беше отпуштен по елиминацијата од Копенхаген.