Top Sport

Седлоски: Очекувам да одиграме многу подобро на дуелот со Македонија ЃП

Македонскиот првак Шкупи загуби убедливо (4:1) на гостувањето против Брегалница во Штип, но тренерот Гоце Седлоски очекува неговиот тим да одигра многу подобро на утрешниот меч против Македонија ЃП во 31.коло од Првата фудбалска лига.

„Имаме респект за противничкиот тим, секако дека не се случајно во борба за излез во Европа. Верувам дека овојпат ќе одиграме многу подобро и дека играчите ќе го дадат максимумот по лошиот натпревар во Штип“, изјави Седлоски.

Шкупи утре, со почеток во 17 часот, на стадионот Чаир ја пречекува Македонија ЃП. На останатите натпревари од 31. коло се среќаваат: Академија Пандев – Шкендија, Работнички – Борец, Скопје – Пелистер , Тиквеш – Ренова, Струга Трим Лум – Брегалница.

Scroll to Top