Фудбалскиот великан Милан зад себе има уште една турбулентна сезона, во која некако успеа да избори пласман во Лигата на Европа, но не ја оствари примарната цел, пласман во Лигата на шампионите.
Милан, сезоната во Серија А ќе ја затвори в недела, на домашен терен против Фиорентина. Италијанските медиуми пишуваат дека овој натпревар ќе биде последен за неколкумина фудбалери во „црвено-црниот“ дрес.
„Скај спорт“, пишува дека клубот ќе го напуштата голманот Џанлуиџи Донарума, искусните Игнацио Абате (31), Рикардо Монтоливо (33), Кристијан Запата (31), Лука Антонели (31), разочарувањето Никола Калиниќ и еден од најдобрите играчи во последните две сезони Сусо.
Раководството на Милан сака да го подмлади тимот, а според нивните пресметки, од продажбата на наведените фудбалери, клубот може да заработи околу 110 милиони евра. Најмногу приход се очекува од продажбите на Донарума и Сусо, околу 80 милиони евра, додека цената на хрватскиот напаѓач Калиниќ се движи помеѓу 15 и 20 милиони евра.