Паоло Дибала и Мауро Икарди конечно ги постигнаа дебитантските голови за репрезентацијата на Аргентина. Ѕвездите на Јувентус и Интер погодија за триумф на Аргентина над Мексико (2:0).
Резултатот во пријателскиот натпревар го отвори Икарди по само 120 секунди игра.
„Ова ми недостигаше. Конечно постигнав гол за репрезентацијата. Среќен сум, возбуден, долго го чекав ова. Најлошо за еден напаѓач е кога не постигнува голови. Се надевам дека вака ќе продолжам“, истакнал Икарди по мечот.
Задоволството не го криел ниту Дибала, кој не криел дека во минатото атмосферата во репрезентацијата не била добра.
„Сега сите сме во добри односи. Во минатиот циклус недостигаше тимскиот дух и пријателството меѓу играчите. Се надевам дека сега вака ќе продолжиме. Тргнавме од дното и сакаме во самиот старт да оставиме добар впечаток“, изјавил напаѓачот на Јувентус.