Поранешниот голгетер на Челси, Дидие Дрогба, дефинитивно стави крај на својата импресивна кариера. Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска во март наредната година ќе наполни 41 година.
Дрогба, во краток период, втор пат објавува дека заминува в пензија. Пред две недели објави крај на кариерата, а потоа со интересна снимка од филмот „Вокот од Вол Стрит“, најави дека ќе продолжи да игра фудбал. На крајот тој сепак решил дека треба да се пензионира.
„Кога ќе помислам на моите 20 години од кариерата, не можам а да не бидам горд на она што го постигнав како играч, но и како израснав во вистински човек. Доколку некој ви каже дека сништата ви се преголеми, само треба да му кажете „благодарам“ и да работите уште посилно и попаметно. Секогаш верувај“, објавил Дрогба на социјалните мрежи.
Последниот натпревар во кариерата, Дрогба го одигра за Феникс, на 8.ноември, против Луивил (0:1), во финалето на американскиот УСЛ куп.