Бразилската фудбалска легенда Пеле смета дека Ливерпул ќе ја освојат Премиер лигата и покрај 0:0 ремито со Евертон во неделата, но 72-годишниот Пеле нема најдобар „скор“ во тимовите кои ги поддржува, некои би кажале дека дури тие тимови се „проколнати“.
Пеле, посакувајќи му среќен роденден на Кени Далглиш, прати порака до сите навивачи на Ливерпул.
„Среќен роденден за херојот на Ливерпул, Кени Далглиш. Навивав за Ливерпул да ја освојат титулата и пред стартот на сезоната. Уште верувам дека ќе го направат тоа“, напиша Пеле на Твитер.
Happy birthday to Liverpool hero, Kenny Dalglish. I backed @LFC to win the Premier League from the start. I still think they will do it. // Feliz aniversário para o herói do Liverpool, @kennethdalglish. Eu apoiei o @LFC no início da Premier League e ainda acho que levarão a taça. pic.twitter.com/QemLKYzJo2
— Pelé (@Pele) March 4, 2019
Прогнозите на Пеле се спектакуларно неуспешни. Најпознатата е прогнозата дека африканска репрезентација ќе стане светски шампион во фудбал до 2000 година. Покрај тоа, пред СП во 2002 година тој прогнозираше дека Бразил нема да ја помине групната фаза, но „селесао“ ја освои титулата.
Истата година, тој тврдеше дека напредокот на фудбалот во Кина значи дека таа нација ќе игра барем осминафинале, а тие го завршија шампионатот без да постигнат гол во три меча.
Во 1991 година, откако го гледаше Нил Лемпти како игра за Гана на СП под 17 години, тој изјави дека тој е „новиот Пеле“. Лемпти во кариерата играше во 13 клубови како Ковентри сити и Астон вила, пред да се пензионира во 2008.
Потоа, тој го спореди Ник Бармби во иста категорија како Зинедин Зидан и Паоло Малдини, а тој играше најдолго за Хал сити.
Дури и на филм, прогнозите на Пеле не се остваруваат. Во славниот филм „Бегство до победа“ (Escape to Victory), Пеле е повреден и вели дека нема шанса да продолжи, пред да се врати на теренот во второто полувреме и да постигне гол со ножички.